443
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 775 тестови, а регистрирани се 98 нови случаи на КОВИД-19.
Од вкупниот број на позитивни (98), регистрирани се 26 реинфекција. Регистрирани сe 79 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.164.476 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.413, бројот на оздравени пациенти е 332.229, на починати е 9.524, а бројот на активни случаи изнесува 660.