Во изминатото деноноќие направени се 824 тестови, а регистрирани се 97 нови случаи на COVID-19. Од вкупниот број на позитивни (97), регистрирани се 29 реинфекции.
Регистриран e 61 оздравен пациент. Во текот на изминатите 24 часа, нема пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза COVID-19 од Мој Термин, се регистрирани 4 починати лица од Скопје, Охрид, Струга и Гевгелија, на возраст од 80 – 83 години. Две лица се починати во болнички услови и две во домашни услови. Починатите се регистрирани во период од 16.08.2022 до 09.09.2022.
Досега во земјата се направени вкупно 2.160.942 тестирања на COVID-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.986, бројот на оздравени пациенти е 331.740, на починати е 9.520, а бројот на активни случаи изнесува 726.