Нови 96 случаи на корона вирус во Македонија

by fokus

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.688 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи со КОВИД-19 и 177 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително е пријавено едно починато лице од Охрид на возраст од 85 години. Пријавеното лице е починато на 4 април во домашни услови. Кај починатото лице е регистриран коморбидитет, соопшти Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 1.992.684 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 308.390, бројот на оздравени пациенти е 298.099, на починати е 9.261, а на активни случаи изнесува 1.030.

Поврзани новости