Нови 96 ковид-случаи за 3 дена

by Фокус

Во последните три дена направени се 962 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.

Притоа, регистрирани се 288 оздравени пациенти, додека пријавен е еден смртен случај од Скопје (87).

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 342 615, бројот на оздравени пациенти е 332 710, на починати е 9 531, а бројот на активни случаи изнесува 374.

Поврзани новости