Салвини: Десничарската коалиција ќе обезбеди стабилност во Италија

by Фокус

Десничарската коалиција која победи на парламентарните избори во Италија ќе обезбеди петгодишна стабилност во земјата, изјави денеска на прес-конференција лидерот на партијата „Лига“, Матео Салвини.

Салвини најави дека подоцна ќе разговара со Џорџа Мелони за започнување на процесот за формирање нова влада.

-Очекувам најмалку пет години да одиме напред без промени, без пресврт, со одредување на приоритетните работи што треба да ги направиме. Вчера разговарав со Мелони и секако и честитав, добро се снајде – ќе работиме заедно уште долго – рече Салвини.

И покрај тоа што беше дел од победничката коалиција, Лигата освои само околу 9 отсто од гласовите, што е помалку од нејзиниот резултат од 17 отсто четири години претходно.

Преостанатите две партии во коалицијата – победниците „Италијански браќа“ и „Напред, Италија“ освоија околу 26 отсто, односно 8 отсто.

Поврзани новости