609
Велика Британија трет ден по ред, јавува за нов рекорден број на новозаразени со корона вирусот, со 93.045 случаи регистрирани во последните 24 часа, покажуваат најновите податоци од здравствените власти.
Соочена со, како што го нарече премиерот Борис Џонсон „цунами“ на варијантата омикрон, поради што стравува од преоптоварување на здравствениот систем. Британија е меѓу најтешко погодените од пандемијата во светот, со вкупно 147.048 смртни случаи.
Англија воведе повторно задолжително носење маски на повеќето јавни места (освен пабови и ресторани), препорача работа од далечина и воведе ковид сертификат за поголеми собири. Шкотска и Велс се одлучија за построги мерки.