Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 656 тестови, а регистрирани се 89 нови случаи на КОВИД-19.
Од вкупниот број на позитивни (89), регистрирани се 26 реинфекции. Регистрирани сe 125 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, е пријавено едно починато лице од Струмица(71г), починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.161.598 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.075, бројот на оздравени пациенти е 331.865, на починати е 9.521, а бројот на активни случаи изнесува 689.