Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи со КОВИД-19, три починати лица од Скопје (72г,76г и 83г) и 815 оздравени пациенти.
Трите лица се починати во болнички услови. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ се регистрирани три починати лица, од Тетово (85г), Кавадарци (74г) и од Охрид (70г).
Две лица се починати во домашни услови и еден во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 5 јули до 30 јули, соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број на позитивни (844), регистрирани се 188 реинфекции.
Досега во земјата се направени вкупно 2.123.580 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 330.016, бројот на оздравени пациенти е 316.490, на починати е 9.387, а на активни случаи изнесува 4.139