Пожар во атарот на делчевско Разловци

by Fokus

Пожар избувна денеска околу пладне во атарот на делчевското село Разловци, во близина на истата локација каде пред околу две недели делчевските пожарникари гасеа друг пожар.

Информацијата за денешниот пожар ја потврди и пожарникарот Миле Тодоровски, кој информираше дека екипа на Територијалната противпожарна единица Делчево е на терен и работи на гаснење на пожарот.

Апелираше на почитување на забраната за движење во шума и препорача во никој случај да не се пали оган на отворен простор.

Во пожарот кој пред две недели ја зафати месноста Енѓовски колиби помеѓу селата Тработивиште и Раловци изгореа околу 50 хектари дабова и борова шума.

Поврзани новости