457
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 629 тестови, а регистрирани се 70 нови случаи со КОВИД-19 и 60 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, нема регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.
Досега во земјата се направени вкупно 2.176.205 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.585, бројот на оздравени пациенти е 333.707, на починати е 9.551 а бројот на активни случаи изнесува 327.