Нови 53 случаи на ковид, нема починати лица

by fokus

Во изминатите 24 часа регистрирани се 53 нови случаи на КОВИД-19 од направени 657 тестирања. Во истиот временски период се регистрирани 36 оздравени лица, а не е регистрирано ниту едно починато лице.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 657 тестови, а регистрирани се 53 нови случаи на КОВИД-19 од кои во Скопје 39, Битола 4, Прилеп 3, Куманово и Велес по 2 и Тетово, Штип и Неготино по 1.

Од вкупниот број на позитивни (53), регистрирани се 16 реинфекции.

Регистрирани се и 36 оздравени пациенти од кои од Скопје 25, Куманово 4, Прилеп 2 и Битола, Велес, Струмица, Свети Николе и Кратово по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица.

Поврзани новости