Нови 517 случаи со Ковид-19 и 13 починати пациенти

by Fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.669 тестови, а регистрирани се 517 нови случаи на КОВИД-19, девет починати и 1 022 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од вкупниот број на позитивни (517), регистрирани се 72 реинфекции.

Од деветте починати лица четири се од Скопје (65г, 72г, 83г и 86г) и по едно починато лице од Струмица (78г), Кавадарци (42г), Македонски Брод (45г), Штип (81г) и Гевгелија (65г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени четири починати лица од: Скопје (1), Струмица (1), Крушево (1) и Кочани (1).

Починатите лица се на возраст од 72г. до 79г. Лицата за починати се пријавени во период од 18.02. до 21.02.2022. Од починатите лица, две се починати во домашни услови, а две лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 13 лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.883.560 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 296 229, бројот на оздравени пациенти е 282 604, на починати е 8 981 а на активни случаи изнесува 4.644.

 

Поврзани новости