Нови 509 заразени со Ковид-19, девет починати, 354 оздравени пациенти

by fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.813 тестирања, а регистрирани се 509 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје – 285, Прилеп – 37, Кавадарци – 29, Охрид – 24, Велес – 16, Тетово – 11, Битола и Крива Паланка – по 10, Струга и Гевгелија – по 9, Куманово и Неготино – по 8, Кочани и Крушево – по 7, Гостивар и Штип – по 6, Ресен, Делчево и Берово – по 4, Пробиштип, Кратово и Богданци – по 3, Свети Николе и Валандово – по 2, Струмица и Радовиш – по 1.

Пријавени се вкупно девет починати пациенти од кои четири од Скопје (71г, 66г, 63г, 55г) и по еден пациент од Охрид (67г), Куманово (68г), Кочани (85г), Делчево (61г), Демир Хисар (84г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани се 354 оздравени пациенти од: Скопје – 198 , Куманово – 20, Прилеп – 18, Кавадарци – 17, Тетово – 14, Гевгелија – 11, Велес и Струмица – по 10, Гостивар – 8, Неготино – 6, Крива Паланка – 5, Радовиш, Берово и Дојран – по 4, Штип, Ресен и Виница – по 3, Битола, Струга, Кочани, Валандово и Кратово – по 2, Кичево, Делчево, Пробиштип, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.

Направени се 2.813 тестови преку: ИЈЗ-364, ЦЈЗ Скопје-69, Авицена-284, Биотек-235, Клиника „Жан Митрев“-143, Систина-229, Лаор–163, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-65, Синлаб-80, Ремедика-35, ИБЗД Козле-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1113, ГОБ „8 Септември“-7.

Досега во земјата се направени вкупно 506.378 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 99.917, бројката на оздравени пациенти е 90.096, на починати е 3.085, а бројот на активни случаи изнесува 6.736.

Поврзани новости