Обвинител уште во петокот му кажал на член од Владата дека постои можност Мијалков да побегне, откри Спасовски

by fokus

Обвинител уште во петокот му кажал на член од Владата дека постои можност поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков да побегне, отрки министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски одговарајќи на новинарски прашања.

Зборувајќи за тоа дека има двојни аршини при барањето за притвор тој посочи дека за случајот „Монструм“ се барало притвор за обвинетите поради опасност од бегство уште во ноември, а за случајот за масовното прислушување во којшто беше обвинет Мијалков не се побарало притвор ниту по завршните зборови.

-Моите информации говорат дека двајцата обвинители кои работат на предметот претходно се консултирале и побарале дозвола да можат да побараат притвор за Мијалков, но тоа се информации кои јас ги имам, дали е така треба да се произнесат, рече Спасовски појаснувајќи дека се консултирале со своите непосредно претпоставени.

Сепак не сакаше да прејудицира дали вината е кај шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска и откри дека обвинтелите во петокот кога беа завршните зборови за „Таргет Тврдина“ ја знаеле оваа информација и ја пренеле на еден член на владата дека има можност за бегство на Мијалков.

Потоа откако беше потпрашан, тврдеше дека не рекол дека обвинителите кои го водат овој предмет ја пренеле информацијата на член на Влада, туку еден од обвинителите, не прецизирајќи кој. Сепак никој не проследил ваква информација до надлежните институции, се до саботата кога тоа го направила Русковска.

Спасовски пак за ова веднаш го известил директорот на Бирото за јавна безбедност, премиерот, директорот на АНБ и републичкиот обвинител.

Поврзани новости