Нови 420 милиони долари од Светска банка за подобрување на животот

by Fokus

Со кредити од 420 милиони долари од Светска банка, макеоднската економија ќе го забрзува растот. Парите се дел од рамката за паретнерство на банката со земјава за периодот до 2023 година. Овие пари се веќе влезени во пресметките за движење на долгот. Според фискалната стратегија до 2022 година, долгот догодина ќе стигне до 52,3%, а во 2022 ќе се намали на 49,1%. Новите кредити се со поволна камата.

Првиот проект од рамката за кој денеска беше потпишан договор се однесува на поддршка на производтсвениот сектор. Со овие 420 милиони евра предвидено е да се финансираат прокети за зголемување на конкурентноста на макеоднските компании, за олеснување на трговијата во регионот, за изгрдба на локални патишта, за подобрување на условите за децата, како и за натамошно намалување на невработеноста.

Викендов земјава е домаќин на еден од најголемите финиснасиски настани. Во Скопје ќе се одржи конституенцата на Светската банка. Ќе присуствуваат тројца потпретседатели на банката и високи претставници на централни банки и финансиски институции од 15 земји членки на белгиско – холандската конституенца.

Поврзани новости