Нови 398 случаи на ковид-19, почина 29-годишен пациент од Куманово

by Fokus

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 6.383 тестирања, а регистрирани се 398 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 136, Тетово – 86, Гостивар – 46, Куманово и Кичево – по 23, Битола – 15, Охрид и Струмица – по 13, Дебар – 10, Струга – 6, Кавадарци – 5, Кочани – 4, Прилеп и Валандово – по 3, Велес, Штип, Свети Николе и Ресен – по 2, Радовиш, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод  – по 1.

Регистрирани сe 18 оздравени пациенти од: Скопје – 7, Битола – 4, Куманово – 3, Радовиш – 2, Штип и Берово – по 1. Пријавени се 4 починати лица : 3 од Куманово (29г,49г и 74г) и еден од Гостивар (78г), починати во болнички услови.

 

Поврзани новости