Полициски службеници повредени во сообраќајка

by Fokus

Едно лице се здобило со потешки повреди, а три се полесно  повредени во сообраќајката која денеска после 12 часот се случи во Росоман, помеѓу патничко моторно возило „пасат” со велешки регистарски ознаки и полициско возило „јети”.

Дежурниот лекар во Брза помош Кавадарци, доктор Ратко Грков, за МИА рече дека две од полесно повредените лица се полициски службеници, полицајка и полицаец. Сите четири лица на средна возраст, биле пренесени во кавадаречката  болница.

Поврзани новости