Нови 358 заразени со Ковид-19, 341 оздравени и петмина починати

by fokus

Во последните 24 часа се направени 2275 тестирања, а регистрирани се 358 нов случаj на ковид-19 во: Скопје – 173, Прилеп – 41, Куманово – 22, Кавадарци – 21, Тетово – 13, Велес – 11, Битола и Крива Паланка – по 9, Охрид – 8, Неготино – 7, Крушево – 6, Штип – 5, Струмица и Гевгелија – по 4, Струга, Делчево и Валандово – по 3, Гостивар, Кичево, Ресен, Радовиш и Пробиштип – по 2, Кочани, Свети Николе, Дебар, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Регистрирани се 341 оздравени пациенти од: Скопје – 186, Кавадарци – 24, Куманово – 18, Тетово – 16, Прилеп – 14, Струмица – 11, Битола и Гевгелија – по 9, Гостивар, Велес, Дебар и Ресен – по 7, Кичево, Берово и Демир Капија – по 5, Радовиш – 3, Штип, Охрид, Кочани, Свети Николе, Неготино, Пробиштип, Валандово и Крушево – по 1.
Пријавени се вкупно 5 починати лица.

Починати се тројца пациенти од Скопје (91г, 80г и 58г), по еден пациент од Кавадарци (73г) и Прилеп (62г) . Сите пациенти се починати во болнички услови.

Направени се 2275 тест преку: ИЈЗ-405, ЦЈЗ Скопје-63, Авицена-214, Биотек-213, Жан Митрев (Филип Втори)-122, Систина-196, лабораторија Лаор–130, МАНУ-6, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-40, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-59, Ремедика-28, лабораторија болница Козле-21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 768, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-5, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 489.991 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.456, бројката на оздравени пациенти е 88.301, на починати е 3.003, а бројот на активни случаи изнесува 6.152.

Поврзани новости