Нови 328 случаи и 237 оздравени пациенти

by fokus

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.535 тестови, а регистрирани се 328 нови случаи на КОВИД-19.Од вкупниот број на позитивни (328), регистрирани се 65 реинфекциии.

Регистрирани сe 237 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, регистриран е едно починато лице: од Кичево (58г), починато во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица. Пријавените лица се на возраст од 48г до 77г. Од пријавените лица, две се починати во болнички услови и едно лице во домашни услови.

Од вкупно регистрираните починати лица (4), кај 3 лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.928.498 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 302.224, бројот на оздравени пациенти е 291.144, на починати е 9.159, а бројот на активни случаи изнесува 1.921.

 

Поврзани новости