Денеска се регистрирани 316 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 194.891.
Оздравени се 240 пациенти, а во изминативе 24 часа починале 10 пациенти со Ковид 19.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
• Направени се 3.486 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 140, Куманово – 38, Велес и Штип – по 19, Кавадарци – 16, Прилеп и Охрид – по 12, Струмица – 11, Битола – 8, Пробиштип – 6, Тетово и Свети Николе – по 5, Неготино и Крива Паланка – по 4, Струга и Кратово – по 3, Кичево, Кочани и Гевгелија – по 2, Радовиш, Виница, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.
• Регистрирани сe 240 оздравени пациенти од: Скопје – 107, Куманово – 27, Штип и Кочани – по 14, Велес – 12, Кавадарци – 11, Прилеп – 10, Битола – 9, Гевгелија – 8, Тетово – 7, Кичево – 6, Кратово и Демир Хисар – по 3, Охрид – 2, Свети Николе, Неготино, Радовиш, Ресен, Делчево, Богданци и Македонски Брод – по 1.
• Во текот на изминатите 24 часа починале 10 лица: 3 починати лица од Куманово (32г, 72г и 77г), по 2 починати лица од Охрид (59г и 64г) и Свети Николе (66г и 68г) и по едно починато лице од Крива Паланка (88г), Берово (74г) и Скопје (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 13.09.2021 до 17.09.2021 година. Регистрирани се 2 лица од Гостивар и по едно лице од Куманово, и Ресен на возраст од 46 до 68 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
• Направени се 3.486 тестови преку: ИЈЗ-357, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-53, ЦЈЗ Тетово–39, ЦЈЗ Куманово-51, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–291, Жан Митрев (Филип Втори)-64, Авицена-117, Биотек-134, Систина-41, лабораторија Лаор-185, Синлаб-14, Ремедика-3, Плодност–59, Генеа-16, Никоб лаб-400, ВФВ Медикал-35, Ели Медика-47, Ројал Медика –25, Спектра-ММ-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.473.
Досега во земјата се направени вкупно 1.323.365 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 194.891 бројката на оздравени пациенти е 181.031, на починати е 6.831, а бројот на активни случаи изнесува 7.029.