За 24 часа починале 10 заразени со корона вирусот, најмладиот на 32- години

by fokus

Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 316 заразени од Ковид- 19, но и десет граѓани кои ја изгубиле битката со вирусот.

-Во текот на изминатите 24 часа починале 10 лица: 3 починати лица од Куманово (32г, 72г и 77г), по 2 починати лица од Охрид (59г и 64г) и Свети Николе (66г и 68г) и по едно починато лице од Крива Паланка (88г), Берово (74г) и Скопје (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови, информираат од министерството.

Оттаму додаваат и дека дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 13.09.2021 до 17.09.2021 година. Регистрирани се 2 лица од Гостивар и по едно лице од Куманово, и Ресен на возраст од 46 до 68 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Поврзани новости