Нови 29 заболени од корона вирусот, а 69 оздравени

by fokus

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени пациенти во: Скопје-18, Куманово-36, Дебар-1, Штип-1, Велес-10, Гевгелија -1.

Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 29 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-4, Прилеп-3, Тетово-2, Велес-6, Кочани-3.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.494, бројката на оздравени пациенти е 807, на починати е 81, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606. Последната дистрибуција по градови е следна:

•    Скопје – 509

    Куманово – 393
    Дебар – 51
    Штип-34
    Прилеп –153
    Тетово – 84
    Струга – 66
    Велес – 77
    Битола –19
    Охрид –15
    Кавадарци – 5
    Гостивар –17
    Гевгелија – 4
    Струмица – 2
    Крива Паланка-5
    Радовиш – 4
    Крушево – 3
    Кочани – 31
    Пробиштип – 2
    Кичево – 2
    Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
    Демир Хисар – 1
    Македонски Брод -2
    Пехчево- 2
    Делчево-1
    Валандово -1
    Виница – 2

Направените 362  теста се преку: ИЈЗ –285, Ветеринарен ф-тет -11, Авицена –9, Биотек –26, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода  -21 и МАНУ -10.  Досега во земјата се направени вкупно 16798 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 2 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 48. На кислородна поддршка се 27, а на механичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови, а вкупно хоспитализирани 26 пациенти. Од нив 4 пациенти се на респираторна машина и уште 3 со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 4 се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 44 позитивни и суспектни на ковид-19.

Поврзани новости