Од Ковид-19 починаа уште тројца заболени од Прилеп и еден од Кочани

by fokus

Од Министерството за здравство информираат дека во изминатите 24 часа починале четворица пациенти заболени од корона вирусот.

-На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациентка на возраст од 55 години лекувана на клиниката од 24 април и 87 годишен пациент лекуван на клиниката од 27 април, и двајцата со тешка форма на болеста и респираторна слабост.

Институтот регистрира уште едно починато лице во Прилеп, жена на возраст од 69 години, позитивна на вирусот, починала дома. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од с. Зрновци (Кочани) на 62 годишна возраст, на болничко лекување од 21 април, се вели во соопштението.

Поврзани новости