Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.275 тестови, а регистрирани се 281 нов случај на Ковид-19.
Од вкупниот број на позитивни (281), регистрирани се 48 реинфекции.
Регистрирани сe 285 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица: по едно починато лице од Битола (63г), Охрид (85г) и Крива Паланка (76г). Сите се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица ( 3 ), кај сите се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.946.588 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.326, бројот на оздравени пациенти е 293.171, на починати е 9.191, а бројот на активни случаи изнесува 1.964.