626
Повторно над 2.700 ново заразени за 24 часа, од кои 281 случаи на делта сојот се потврдени во последните 24 часа во соседна Грција, каде многу македонски државјани се или планираат да заминат на летување.
Според седмичниот извештај од Националната организација за јавно здравје на Грција, потврдени се вкупно 703 мутации на коронавурусот, од кои 320 се алфа, 281 се делта, 100 се бета и два гама, додека пак 174 позитивни случаи се следат.
По овие податоци од изминатите седум дена, во Грција досега има вкупно 402 случаи на делта-сојот, од кои најголемиот дел, или 242, се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, 75 во Ираклио на Крит, 21 во Ретимно, исто така на Крит, 12 во Солун итн.