Изгласан законот за изградба на автопати, опозицијата против

by fokus

Во скратена постапка, Собранието попладнево го донесе Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8, кој опфаќа делница Тетово-Гостивар-Букојчани и проект за автопатот Требеништа-Струга-Ќафасан, како и коридорот 10 Д, односно делница на автопатот Прилеп-Битола.

Законот, предложен од група пратеници, треба да се овозможи реализација на Меморандумот што го потпиша Владата со компанијата „Бехтел и Енка“ како стратешки инвеститор за изградба на автопатите Тетово-Гостивар, Струга-Ќафасан, како и Прилеп-Битола.

Со него првпат се предвидува изградба преку нов модел без распишување тендер, за којшто власта уверува дека ќе ги даде најбрзите и најоптималните резултати во изградбата на патната мрежа.

Во текот на расправата, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски побара законот да биде повлечен, затоа што, според него, со ваква содржина ќе предизвика многу проблеми при реализацијата на проектите.

-Ова е закон кој ќе чини стотици и стотици милиони евра, ваквиот закон ќе има многу проблеми, како во администрацијата при решавање на тековните работи. Ако е стратешки договор, зошто нема меѓународен договор меѓу две земји, иако постои меморандум за соработка – праша Мислајловски.

Поврзани новости