542
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 953 тестови, а регистрирани се нови 266 случаи на КОВИД-19.
Од вкупниот број на позитивни (266), регистрирани се 64 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема регистрирано починато лице.
Досега во земјата се направени вкупно 2.086.592 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 315.060, бројот на оздравени пациенти е 304.460, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 1.273.