-Ако имале информации за „молотови коктели” зошто не го уапсиле благовремено оној кој ги поседувал?Ако знаеле за “молотови коктели” како тоа не знаеле каде и кој ги “приготвува” истите? Зашто не е влезено уште преку ден? Ако знаеле? А, нели сѐ знаат?

Како тоа во текот на вечерта апсеа и тепаа сѐ, освен оние со качулките, фантомките или како се викаат?

Како тоа нема лица со Име и Презиме уапсени и со докази дека фрлале со “молотови коктели” а имаше преку 20 камери само од МВР кои го снимаа протестот…???

На власта и се случува народ!! Граѓаните немаат “желудник” на секој 2-3 години да доживуваат и преживуваат некое ново национално предавство. Затоа излегуваат и кога истура дожд. Затоа што освен сиромаштијата и понижувањата кои им ги приредувате, ништо друго не им остана. Затоа гледајте како овој предлог да го одбиете, а не, како да наместите некој кој ќе биде топовско месо за вашите лоши политики!!!
-се гледаме пред влада во 19 часот, пишува Пренџов.