588
До 14 часот денес се пристигнати позитивни ковид резултати за 15 лица од Кавадарци, две од Неготино, пет од Росоман и три од Демир Капија, известуваат од ЦЈЗ Кавадарци.
Новорегистрираните се на возраст од 20 до 69 години, а едно лице на возраст од 20 години од Росоман и едно на возраст од 56 години од Демир Капија се хоспитализирани.
Во ковид одделот во кавадаречката болница денес се сместени 38 пациенти, и има 22 слободни места. Сите пациенти се во стабилна состојба, потврдија од болницата.
Вики Клинчарова