Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.787 тестови, а регистрирани се 232 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни (232), регистрирани се 38 реинфекции.
Регистриран e 221 оздравен пациент, а во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани 3 починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица
Од вкупниот број на починати лица ( 6 ), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.951.621 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.878, бројот на оздравени пациенти е 293.700, на починати е 9.203, а бројот на активни случаи изнесува 1.975.