Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа направени се 275 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-2, Битола-1, Гостивар-1.
По завршување на епидемиолошката анкета, еден од вчера регистрираните случаи во Куманово е жител на Кратово и согласно ова последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 550, активни 132
• Куманово – 408, активни 53
• Дебар – 51, активни 0
• Штип-35, активни 2
• Прилеп –176, активни 68
• Тетово – 110, активни 54
• Струга – 67, активни 16
• Велес – 107, активни 49
• Битола –23, активни 4
• Охрид –15, активни 9
• Кавадарци – 5, активни 1
• Гостивар –19, активни 5
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 2, активни 0
• Крива Паланка- 6, активни 2
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 5
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 1
• Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 2
• Делчево-1, активни 1
• Валандово -1, активни 1
• Виница – 2, активни 0
• Кратово-2, активни 2
• Берово-1, активни 1
Направените 275 теста се преку: ИЈЗ –185, Ветеринарен ф-тет -15, Авицена –0, Биотек -32, Филип Втори (Жан Митрев) –2, Систина со PCR метода -24 и МАНУ -17. Досега во земјата се направени вкупно 19096 тестирања на ковид -19.