Досега вкупно 1.136 пациенти оздравеле од корона вирус

by fokus

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти во: Скопје-11, Куманово-10, Тетово-1, Велес-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1642, бројката на оздравени пациенти е 1136, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 415.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација 3 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 16. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола нема хоспитализирани позитивни или сомнителни на ковид, а на домашно лекување се следат 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Охрид сe хоспитализирани 54 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Поврзани новости