605
Во последните 24 часа се направени 2.518 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи со Ковид-19: Тетово – 11, Скопје – 8. Регистрирани се четири оздравени пациенти од: Скопје – 2, Прилеп и Тетово – по 1. Не се регистрирани починати пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Досега во земјата се направени вкупно 900.165 тестирања на Ковид-19.
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.760, бројот на оздравени пациенти е 150.118, на починати е 5.486, а на активни случаи изнесува 156.