Филипче: Засега нема потреба од рестриктивни мерки

by fokus

Во овој момент нема потреба од воведување рестриктивни мерки во внатрешното функционирање на државата, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој истакна дека мерки не се потребни поради мирната епидемиолошка состојба во земјата.

Но, за евентуални мерки на границите ќе се разговара на најавениот состанок со членови на Комисијата за заштита од заразни болести.

-Претежно ќе се зборува за тоа дали треба нешто да се препорача во однос на критериумите за влез, на границите, иако гледаме дека многу земји во регионот, иако имаат некакви рестриктивни мерки, Грција на пример, имаат пораст на нови случаи. Треба да се препорачаат мерки кои навистина ќе биде ефикасни, изјави денеска Филипче.

Поврзани новости