626
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.667 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 8, Тетово – 5, Куманово – 2, Гостивар, Кочани, Гевгелија и Дебар – по 1.
Регистрирани сe 9 оздравени пациенти од: Тетово – 5, Скопје – 4. Не се регистрирани починати пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.901, бројката на оздравени пациенти е 150.168, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 246.