Нови 176 заразени со корона и повторно девет починати

by Frosina Fakova

Во последните 24 часа од 870 тестирања регистрирани се 176 нови заразени со Ковид-19, а девет пациенти починале, соопштуваат од Министерството за здравство.

Најмногу заразени пак има во Скопје, 61, потоа 22 во Тетово, 19 во Струга и по 14 во Охрид и Штип.

-Скопје 61
-Куманово 8
-Дебар 1
-Штип 14
-Прилеп 5
-Тетово 22
-Струга 19
-Велес 5
-Битола 3
-Охрид 14
-Гостивар 7
-Струмица 1
-Кочани 2
-Пробиштип 1
-Демир Хисар 1
-Пехчево 1
-Кичево 6
-Ресен 5

Починати се девет лица, седум пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Струга.

Во ГОБ „8 септември“ починати се седум лица од Скопје, двајца пациенти на возраст од 62 години, останатите на возраст 56, 59, 74, 88 и 73 години.

Во КБ Тетово е починат еден пациент на возраст од 79 години. Во денешната статистика е евидентиран и пациент од Струга починат во „Филип Втори“ (Жан Митрев) на возраст од 84 години.

Направените 870 теста се преку: ИЈЗ –396, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –99, Биотек –74, МАНУ -153, Жан Митрев (Филип Втори) -29,  Судска медицина-0,  Систина  со PCR метода -71, ЦЈЗ Битола-28, лабораторија Лаор- 20. Досега во земјата се направени вкупно 58.765 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6080, бројката на оздравени пациенти е 2315, на починати е 286, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3479.

Поврзани новости