Нови 150 заразени со корона, починале 16 пациенти на возраст од 50 до 88 години

by fokus

Во последните 24 часа се направени 2.093 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 62, Куманово – 17, Битола – 8, Штип – 6, Струмица, Ресен и Радовиш – по 5, Тетово и Кичево – по 4, Велес, Гостивар, Кочани, Дебар и Виница – по 3, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Струга, Гевгелија и Делчево – по 2, Неготино, Свети Николе, Берово, Пробиштип, Кратово, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани се 487 оздравени пациенти од: Скопје – 144, Куманово – 65, Битола – 33, Прилеп и Охрид – по 31, Кавадарци – 24, Струмица – 23, Кичево – 18, Штип и Кочани – по 13, Велес и Струга – по 9, Тетово и Гостивар – по 8, Виница, Берово и Крива Паланка – по 7, Радовиш – 6, Дебар и Неготино – по 5, Пехчево – 4, Ресен и Гевгелија – по 3, Делчево, Свети Николе, Пробиштип и Валандово – по 2, Богданци, Македонски Каменица и Демир Капија – по 1.

Пријавени се вкупно 16 починати лица: 6 од Скопје (50г,62г,66г,79г,81г и 83г), и по едно лице од Куманово (54г), Велес (69г), Гостивар (70г), Штип (69г), Струмица (54г), Струга (83г), Кочани (65г), Гевгелија (72г), Радовиш (88г) и Богданци (78г). Од пријавените сите се починати во болнички услови.

Направени се 2.093 тестови преку: ИЈЗ-306, ЦЈЗ Скопје-57, ЦЈЗ Битола-46, ЦЈЗ Прилеп-17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–84, МАНУ-83, Жан Митрев (Филип Втори)-132, Авицена-203, Биотек-251, Систина-148, лабораторија Лаор-148, Синлаб-38, Ремедика-0, Плодност–30, Генеа–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 515.

Досега во земјата се направени вкупно 745.471 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.372, бројката на оздравени пациенти е 139.266, на починати е 5.151, а бројот на активни случаи изнесува 9.955.

Поврзани новости