Уште 30 дена притвор за Орце Камчев, определен притвор и за Груевски

by fokus

Кривичниот суд Скопје го прифати предлогот Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и му го продолжи притворот на осомничениот бизнисмен, Јордан Камчев за нови 30 дена за случајот „Плацеви на Водно”, предмет за којшто беше поднесено обвинение.

Освен за Камчев, судот определи мерка притвор и за поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија непосредно по првата затворска казна којашто му беше досудена. Мерки за претпазливост, како што бараше Обвинителството, им се определуваат на Ненад Јосифовиќ и на мајката на Камчев кои исто така се гонат во овој предмет.

Обвинителениот акт од ОЈО ГОКК за случајот „Плацеви на Водно” e поднесен против 6 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Перење пари и други приноси од казниво дело по чл. 273 ст.1 како и Противправно стекнување и прикривање имот од чл. 359-1 ст. 1 од КЗ за еден од обвинетите. Обвинението согласно АКМИС – системот е распределено на оценка на совет за оценка на обвинител акт за понатамошно постапување, соопштија од Кривичен суд.

Продолжување на притворот за Камчев, а одземање на македонскиот и бугарскиот пасош на неговата мајка, бара обвинителството

Поврзани новости