Нови 143 ковид-позитивни, две лица починаа

by fokus

Во последните 24 часа се направени 3.101 тестирање, а регистрирани се 143 нови случаи на ковид 19.

Ситуацијата по градови е следна: Скопје – 79, Гостивар – 16, Кичево – 12, Дебар – 8, Куманово – 7, Тетово и Струга – по 6, Радовиш – 3, Струмица – 2, Кавадарци, Крива Паланка, Берово и Македонски Брод – по 1.

Истовремено, регистрирани се 32 оздравени пациенти, а пријавени се 2 починати лица од Тетово (31 и 70) во болнички услови.

Досега, во земјата се направени вкупно 1.022.293 тестирања на Ковид-19.

Притоа, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 158.164, бројката на оздравени пациенти е 150.556, на починати е 5.509, а бројот на активни случаи изнесува 2.099.

Поврзани новости