Во последните 24 часа се регистрирани 142 нови случаи на КОВИД-19 од направени 2.046 тестови, како и 105 оздравени пациенти и четири починати лица, информира Министерството за здравство.
Од регистрирани 142 нови случаи на КОВИД-19, од кои 28 се реинфекции, од Скопје се 79, Битола 26, Прилеп и Охрид по 7, Кавадарци, Велес и Кичево по 4, Куманово 3, Гостивар и Кочани по 2 и Тетово, Штип, Гевгелија и Свети Николе по 1.
Од 105-те оздравени пациенти од Скопје се 78, Битола 10, Кавадарци и Охрид по 4, Куманово и Гевгелија по 3, Струмица 2 и Делчево 1.
Две од починати четири лица се од Скопје, на возраст од 64 и 85 години, и по едно од Прилеп (73 г.) и Велес (58г). Сите се починале во болнички услови.
Дополнително според Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште три починати лица – две од Скопје и едно од Тетово, на возраст од 78 години до 87 години, кои починале во период од 16 до 19 март 2022 година. Две од овие лица починале во домашни, а едно во болнички услови.
Од вкупниот број седум регистрирани починати лица, кај шест се регистрирани коморбидитети.