Зеленски и Путин ќе се сретнат по битката за Донбас

by fokus

Советникот на претседателот на Украина Михаил Подољак денеска изјави дека претседателот Володимир Зеленски најверојатно ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин дури по, како што наведе, очекуваната голема битка за источен Донбас.

-Украина е подготвена за големи битки. Украина мора да победи, особено во Донбас. И после тоа Украина ќе добие помоќна преговарачка позиција, од која може да диктира одредени услови. Потоа ќе се сретнат претседателите. Тоа може да потрае две или три недели, изјави Подољак.

Поврзани новости