Во изминатите 24 часа направени се 292 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство.
За прв пат, после долго време, меѓу новозаболените нема жител на Скопје. Новите заразени се од Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-3, Велес-5 и Битола-1.
-Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.539, бројката на оздравени пациенти е 1.057, на починати е 88, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 394.
Последната дистрибуција по градови е следна:
• Скопје – 515
Куманово – 402
Дебар – 51
Штип-34
Прилеп –162
Тетово – 93
Струга – 67
Велес – 86
Битола –20
Охрид –15
Кавадарци – 5
Гостивар –17
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-5
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 31
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2
Пехчево- 2
Делчево-1
Валандово -1
Виница – 2
Кратово-1
Направените 292 теста се преку: ИЈЗ –170, Ветеринарен ф-тет -23, Авицена –10, Биотек -30, Филип Втори (Жан Митрев) –23, Систина со PCR метода -12 и МАНУ -24. Досега во земјата се направени вкупно 17836 тестирања на ковид -19.