Нови 111 заразени, починати се 15 лица

by Fokus

Министерството за здравство информираше дека денеска се регистрирани 111 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 195.002.

Заразените се од: Скопје – 83, Прилеп – 6, Велес – 5, Кавдарци – 4, Куманово, Тетово, Битола и Крива Паланка – по 2, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани и Гевгелија – по 1.

Регистрирани сe 165 оздравени пациенти од: Скопје и Куманово – по 25, Штип – 21, Кавадарци – 18, Кочани – 13, Велес – 11, Битола и Свети Николе – по 10, Прилеп – 6, Охрид и Кратово – 5, Радовиш – 4, Пробиштип – 3, Гевгелија – 2, Кичево, Струга, Неготино, Ресен, Виница, Демир Хисар и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 15 лица: 5починати лица од Скопје (56г, 69г, 72г, 75г и 91г), по 2 починати лица од Кавадарци (64г и 84г) и Кичево (54г и 87г) и по едно починато лице од Велес (72г), Берово (56г), Гевгелија (64г), Кочани (76г), Крива Паланка (61г) и Струмица (81г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Поврзани новости