Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.062 тестови, а регистрирани се 109 нови случаи на КОВИД-19.
Од вкупниот број на позитивни (109), регистрирани се 14 реинфекции. Регистриранo e 91 оздравен пациент
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.051.008 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.701, бројот на оздравени пациенти е 301.819, на починати е 9.300, а бројот на активни случаи изнесува 582.