603
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.411 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на ковид-19.
Регистрирани се и 77 оздравени пациенти, а не се пријавени починати лица.
Досега, во земјата се направени вкупно 2.049.946 тестирања, a вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 311.592.