Во изминатите 24 часа се потврдени 107 нови случаи на Ковид-19, соопштуваат од Министерството за здравство.
Најмногу нови заболени се регистрирани, во Куманово, потоа во Скопје, па во Прилеп. Во Скопје – 28, Куманово -44, Дебар – 2, Штип – 1, Прилеп – 11, Тетово – 5, Струга – 1, Велес -4, Битола – 6, Кавадарци -1, Гостивар – 2, Кочани -1, Кичево -1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1081. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:
Скопје – 367, Куманово – 306, Дебар – 51, Штип-32, Прилеп –100, Тетово – 48, Струга – 50, Велес – 40, Битола –15, Охрид –7, Кавадарци – 4, Гостивар –12, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 26, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -2.
Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Преку ИЈЗ –468 , преку Ветеринарен ф-тет – 21, Авицена –22 , Биотек – 23 и Филип Втори (Жан Митрев) – 126. Досега во земјата се направени вкупно 10.422 тестирања на Ковид -19.