Ќе го преиспитаме работењето на министерот за здравство Никола Тодоров, вклучувајќи го и скандалозниот и сомнителен тендер за клиничкиот центар што го реализира власта во заминување со технички овластувања“, реагираат од СДСМ по најавата на Тодоров дека ќе почне да се гради новиот Клинички центар.
„Да сакаа Тодоров и Никола Груевски да биде изграден новиот клинички центар, немаше да ги излажат граѓаните и ќе го реализираа даденото ветување од 2012 година. Клиничкиот центар во Скопје требаше да биде готов до 2 јануари 2017 година! Денеска е 23 април 2017 година, а од новиот клинички центар сè уште ги има само тарабите покрај кои се шетаа Тодоров и Груевски пред три години. Вистинската причина зошто нема нов клинички центар досега, се неодговорните политики на Тодоров, за кого беа поважни „Ивонче милионче тендери“, наместо вистинска заштита на здравјето на граѓаните“, се наведува во соопштението на социјалдемократите.
Од партијата истакнуваат дека новата влада ќе изгради нов клинички центар, како што е предвидено во програмата за работа на новата влада.