СДСМ: Поради блокадата на парламентот, за 3 недели градоначалниците ги губат своите овластувања

by Фокус

Со блокадата на Собранието, ВМРО-ДПМНЕ го блокира и изборот на новиот собраниски претседател кој единствено може да ги закаже локалните избори, со што се доведува во прашање целокупната работа на општините, како и работата на јавните претпријатија, училиштата, градинките, дневните центри за социјална грижа и сите установи под општинска надлежност, порача денеска на партиска прес-конференција Дејан Павлески, претседател на Комисијата за локална самоуправа на СДСМ.

-Мора веднаш да прекине неразумното однесување на Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Овие неодговорни луѓе преку закани за насилство го блокираат целиот државен систем, што за три недели би се прекршило врз егзистенцијата на граѓаните со хаос во државата. За три недели, на 15 мај градоначалниците и советите на општините целосно ги губат своите ингеренции и овластувања – предупреди Павлески.

 

Поврзани новости