632
Идните пратеници на ДУИ го искористија денешното врачување на уверенијата за пратеници од страна на Државната изборна комисија да направат групна фотографија на новата пратеничка група на партијата, доколку, се разбира, некој од нив не ја замени пратеничката со министерска или директорска функција.
Во овој мандат, пратеничката група на „интегративците“ ќе брои 19 луѓе, што е за 4 повеќе во споредба со претходно. Меѓу нив доминираат веќе добро познати ликови, кои досега извршувале функции во законодавната, извршната и во локалната власт, но се забележуваат и нови лица, непознати за пошироката јавност.