„Вистината за Македонија“ продолжи со објавување на аудио снимки на СДСМ во Битола. Беше објавена снимка на која СДСМ тврди дека Зоран Илиовски од локалната организација на ВМРО ДПМНЕ зборува со министерот Миле Јанакиевски. Илиовски се жали за падот на рејтингот на градоначалникот Владимир Талески и оти му паднал за 11 отсто за два месеца и дека ништо не работен четири години.
Прес конференцијата започна со еден од постарите веќе објавени разговори на кој се слушаат министрите Ставревски и Јанкуловска. тие го нарекуваат Талевски дека е криминалец, корумпиран, копиле и дека секогаш за матните договори барал поддршка преку ЗЕЛС од Коце Трајановски.
Инаку Ставревски и признава на Јанкуловска дека договорот за превоз на ученици со Транскоп е коруптивен до даска. Овие први две снимки покажуваат како работи Талевски и зошто не заслужува да биде и понатаму градоначалник.